20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari продадено на аукција за рекордни 28.5 милиони евра

Ferrari продадено на аукција за рекордни 28.5 милиони евра

skapo ff

Класичниот „Ferrari 250 GTO Berlinetta“ од 1962-ра, кој се смета за еден од најпознатите модели на овој производител, го промени сопственикот за 28.5 милиони евра, што го прави најскапиот автомобил кој досега е продаден на некоја аукција.

Станува збор за еден од само 39-те примероци колку што беа произведени во периодот 1962-64. Автомобилот до 1965-та беше во сопственост на „Ferrari“, a потоа припаѓаше на семејството Виолати.

Возилото своевремено учествуваше во бројни трки, а на една од нив имаше трагичен епилог. Возејќи го ова „Ferrari“, францускиот возач и олимписки шампион во скијање, Хенри Ореилер загина на 7-ми октомври 1962-ра на патекта „Linas-Montlhéry“.

Aвтомобилот по тоа е поправен и возен е на авто-трки се до неодамна.

„Ferrari 250 GTO“ доби нов сопственик на возбудливата аукција која ја организираше куќата „Bonhams“ во Калифорнија.

Сумата која купувачот ја одвои за овој автомобил ја надмина цената на тркачкиот „Mercedes W196“ од 1954-та која изнесуваше 21.8 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП