22 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 15.08.2014

Дневен хороскоп 15.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Работните обврски не ве оставаат да и посветите време на забавата. Некои ваши поранешни пријатели се разочарани дека сте ги заборавиле, обидете се да ја обновите комуникацијата. Се надевате на стабилизација во врската но сепак партнерот крие нешто од вас.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се чувствувате одлично, ова е поволен ден за вас и вашите планови во врска со карирата. Не сакате лажни ветувања, па затоа во наредната таква ситуација први бунтовно ќе реагирате, а околината ќе ви завидува на храброста. Во љубовта се е совршено, конечно успеавте да го скротите партнерот, надевајте се на добар план за во иднина.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Несериозноста ја ставивте на страна и започнавте сериозно да се ангажирате за секојдневните обврски. Малку ви е тешко но со тек на време ќе сфатите дека мора така. Сакате да го изненадите партнерот со нешто навистина убаво, но верувајте дека тој веќе е изненаден од вашата позитивна промена. Можно е остварување на некој поголем профит.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Постојано се жалите и плачете за неправедноста а не забележувате дека и вие неправедно се однесувате кон некого. Партнерот е незадоволен и бурно ќе реагира на вашето однесување. Односите на работа ви се катастрофални, мора да бидете поинакви, и да не гледате на сите работи како на најголемото разочарување.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можен е разговор со странство кој навистина ќе ве налути и ќе ви ги расипе плановите за во иднина. Некој ќе ја изневери вашата доверба а вие брутално ќе реагирате на тоа. На работа ситуацијата е неповолна, работите колку само да се каже дека работите, немате идеи, свежина, ви недостасува инспирација. Семејството ви е налутено поради неправилните потези со заедничкиот имот.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Сакате некои нешта кои не се за вас. Постојано мечтаете за некое совршенство а ни самите вие не сте толку совршени. Денес ќе мора да платите за некоја голема грешка направена во минатото. Престанете да им судите на другите, ќе имате проблем на работното место. Вашето семејство се чувствува запоставено.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Постојано го мерите однесувањето на луѓето во вашата околина, делите оценки за нивниот труд и ја критикувате нивната работа, но никогаш не сте самокритични и не забележувате дека и вие правите грешки. Некој Овен гласно ќе ве предупреди за настаните, а вие со наведната глава налутено ќе си заминете. Постои некој семеен конфликт кој би требало да се обидете да го решите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Секогаш давате ветувања но никогаш не ги исполнувате. Будно ги следите настаните со продажбата на семејниот имот и не сте задоволни од случувањата. Ќе имате кавга со вашиот најблизок од која ќе извлечете една голема поука. Внимавајте на финасиите и на здравјето, претерано внесувате нездрава храна.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Постојано  додавате оган на веќе жешките ситуации на работното место, тоа скапо ќе ве чини. Не сте ни свесни колку вашите колеги се против вас, постои можност да ви биде намалена платата. Вашето несовесно однесување ќе резултира со голема казна која ќе треба да ја платите. Пријателите и семјството ќе застане на вашата страна но се додека не сфати што всушност сте направиле.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Постојано ги пребројувате парите во вашиот џеб и се повеќе мислите дека немате доволно пари за да ги платите сите работи кои ви се потребни. Но денес седнете и размислете дали тие нешта ви се навистина потребни. Редно време е малку посериозно да размислите за брак…. или доколку веќе сте го склопиле да планирате принова.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денешниот ден ќе ви биде прекрасен, ќе се сретнете со некои стари пријатели, а на вашето лице нема да има место за ништо друго освен за насмевка. Некој глас ќе ви донесе многу интересни и важни информации. Бидете во круг на пријателите и ужвајте се до вечерните часови. Здравјето е нормално, можна е појава на главоболки.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате некоја идеја која е неостварлива ниту за најголемите претприемачи. Таа всушност е остварлива но ви требаат многу пари за да ја реализирате. Спуштете се малку на земјата, не летајте во облаците. Испланирајте го годишниот одмор, а доколку веќе сте биле на одмор, закажете средба со пријателите и поминете го времето заедно. Потребна ви е помош околу кариерата, тука за совет треба се обратите кај некој Бик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП