23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаскоро Mazda CX-5 ќе добие редизајнирана верзија

Наскоро Mazda CX-5 ќе добие редизајнирана верзија

mazda crossover 2

Иако „Mazda CX-5“ имаше премиера во 2011-та и се уште изгледа свежо и модерно благодарејќи на новиот „KODO“ дизајн, јапонската компанија веќе работи на редизајнирана верзија на овој модел.

Новото поглавје во историјата на „Mazdа“ започна во септември 2011-та година, кога на саемот во Франкфурт на публиката и беше претставен целосно нов кросовер модел.

„Mazda CX-5“ го отвори патот за новата генерација на автомобили засновани на „SKYACTIV“ технологијата и стилскиот израз „KODO“.

Oттогаш, јапонскиот производител секоја година обновува најмалку по еден модел од својата гама, а наскоро се очекува и нова верзија на легендарната „Mazdа MX-5“. Во меѓувреме, во компанијата одлучиле да го освежат и моделот „Mazdа CX-5“.

Во Германија е фотографиран прототип на редизајнираната верзија која би требало во продажба да се најде во 2015-та.

Деловите кои поминале низ козметичкиот третман се уште се кријат под маскирните фолии, но се забележува промена во дизајнот на предниот браник, формата на фаровите и маската на ладилникот, која наместо мрежеста, најверојатно ќе има решетка структура, како новите „Mazdа 3“ и „Mazdа 6“.

Помали промени, пред се во изгледот на стоп светлата, се очекуваат и на задниот дел на автомобилот.

Во внатрешноста на „Mazdа CX-5“ можеме да очекуваме дисплеј за мултимедијалниот систем кој ќе биде сместен на врвот на централната конзола, како кај новите генерации на „Mazdа 3“ и „Mazdа 2“.

Палетата на мотори најверојатно ќе остане непроменета, со евентуално подобрување на ефикасноста и намалување на потрошувачката и емисијата на штетни гасови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП