6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе подготвува новиот BMW Serieѕ 6

Се подготвува новиот BMW Serieѕ 6

bmw-serije-6

Германскиот гигант знае дека пазарот постојано се менува и дека има многу новитети, па поради тоа неговите вработени не седат со скртени раце и вредно работат на нови проекти. Еден од нив неодамна е фотографиран за време на тест-возењето.

„BMW Serieѕ 6“ се појави во 2012-та година и двете години кои оттогаш помина се веќе доволни да се прогласи за стар модел во светот на автомобилската индустрија. Затоа германците веќе работат на нова, редизајнирана верзија која не очекува во 2016-та година.

Затоа што ова не е во целост нов автомобил, туку станува збор за подобрена верзија, па нема да има некои големи новитети. Најмногу промени ќе бидат поврзани со детали и со надворешниот изглед. Новата „Seriеѕ 6“ ќе се нуди и во кабриолет и купе верзија.

Според тоа што е сокриено под маската јасно е дека на моделот за 2016-та ќе бидат променети браниците, крилата и фаровите. Под хаубата нема да има некои позначајни промени, но во кабината сигурно ќе се најде новиот компјутерски систем на „BMW“ со многу нови електронски помагала при возењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП