23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRWE разочара со резултатите

RWE разочара со резултатите

RWE_WEM-MON_001

Нето профитот од постојаните операции на германската енергетска компанија „RWE“ за првото полугодие од 2014-та е намален на годишно ниво за 62 проценти или на 749 милиони евра.

Аналитичарите очекуваа од тие операции чиста добивка од 790 милиони евра. Компанијата ја користи нето добивката од постојаните операции за пресметување на дивидендата.

Нето профитот наменет за акционерите на „RWE“ во првите шест месеци е зголемен за 4.6 отсто во однос на истиот период од 2013-та година, или на нешто повеќе од една милијарда евра или 1.67 евра по акција.

Приходите во првите шест месеци се намалени за 9.6 проценти или на 25 милијарди евра.

Показателот „EBITDA“ (добивката пред плаќањето на данок, амортизација и камата) забележа пад во периодот јануари-јуни за 32 отсто на годишно ниво или на 3.4 милијарди евра.

Компанијата падот на финансиските показатели ги објаснува поради топлата зима и со тоа самата побарувачка за греење и ниските цени на струјата.

За оваа година „RWE“ очекува профит од 51 милијарда евра, а показателот „EBITDA“ да биде на ниво од 6.4 до 6.8 милијарди евра, додека пак нето профитот од постојаните операции да биде од 1.2 до 1.4 милијарди евра.

„RWE“ е вториот најголем германски енергетски концерн, по „E.ON“, според количината на продажба на природен гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП