22 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 14.08.2014

Дневен хороскоп 14.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Очекувате да ви бидат вратени парите кои ги позајмивте пред одреден период, не се нервирајте тие можеби ќе доцнат но сепак ќе ви бидат вратени. На работа незадоволството го покажувате дури и пред клиентите. Постои можност да ја загубите работата.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Во последно време мрзеливоста е вашето второ име, постојано планирате нешто, но никако да станете од столчето и да започнете да работите. Не трошете пари на некои нешта кои не ви се потребни во сегашноста, рано е да купувате некои работи за во иднина. Телото ќе ви биде благодарно ако продолжите со активностите кои ги започнавте.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Некои кавги и недоразбирања со вашиот партнер ќе ви ги отворат очите дека не сте во право. Размислете што е тоа што ве принудува да правите грешни потези и решете го тоа. Крајно време е да почнете нешто посериозно да планирате за иднината, како на пример: брак, деца…

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Внимавајте што и пред кого говорите, некои лица околу вас само чекаат да кажете некоја доверлива информација. Некоја Водолија ќе се разочара од вашите лаги и вашето однесување. Не постои совршенство, затоа не го барајте постојано. Обидете се вашиот живот да го направите поубав и не ги посакувајте туѓите животи.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Во последно време некако чудно се однесувате дури и кон самите себеси. Пријателите и колегите сакаат поискрен однос од вас, но вие постојано нешто подлажувате. Нека не ве залажуваат парите кои во моментов ги имате, подобро е да ги заштедите бидејќи ви претстои период во кој ќе ви бидат повеќе од потребни.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Постојано сте незадоволни, барате нешто повеќе, но верувајте дека со тоа оставате лоша слика за вас. Вашите колеги не можат да го поднесат вашето однесување, мора нешто да промените. Некој не е искрен со вас и тоа дополнително ве раздразнува. Внимавајте на здравјето.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Во овој период не сте задоволни од себе ниту од достигнувањата, или премногу високо ви се поставени целите или не работите како што треба. Луѓето на кои сте им ветиле нешто конечно налутено ќе тропнат на вашата врата да си го побараат тоа. Ќе имате некои проблеми со законот, внимавајте може да заработите казна.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Секој ден за вас е се поубав, тоа е така бидејќи во овој период оптимизмот е број еден кај вас. Му се радувате на утрото, на денот, во ноќта се забавувате и се така во волшебен круг. Овој поволен период ќе ви подари некаков вид на среќа кој одамна го очекувате. На работа колегите и соработниците ве фалат на секој чекор, искоритете го тоа да добиете унапредување.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате проблеми со финансиите но никако да престанете непотребно да ги трошите парите. Постојано нешто купувате, купувате и купувате. Запрете веднаш бидејќи ќе дојдете до ситуација во која ќе мора да позајмувате. На работа некој се обидува да ве намести за нешто што не сте го направиле. Консултирајте се со некоја Вага која ќе ви помогне да се извлечете.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Сакате забава и долги ноќи поминати во друштво, но вашиот деловен живот не го дозволува тоа па затоа сте премногу нервозни. Време е да го промените начинот на живеење и да сфатите дека треба да се насочите кон поинакви желби. Време е за семејство, деца и обврски кои на поинаков начин ќе ви го исполнат денот. Оние кои веќе го направиле тоа, треба да размислат за принова.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Немате доволно финансиски средства за да ги исплатите сите купени работи? Во оваа ситуација сте се нашле поради алчноста се што ќе видите да биде ваше. Веднаш побарајте помош од семејството и решете ги долговите кон банката. На работното место некој ви кажал нешто со кое ве ставил во стапица. Не верувајте на секого, постои можност да ја изгубите работата.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вашата креативност нема крај, но само во мислите, во делата некако сте премногу слаби. Само лежите и размислувате што и како да биде. Во вашата околина постои незадоволство од сите ветени а нереализирани работи од ваша страна. Ангажирајте се и завршете ги обврските. Внимавајте на здравјето, намалете го вишокот килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП