6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа три години Volvo ќе ја промени целата гама

За три години Volvo ќе ја промени целата гама

nova gama volvo

Од денешна перспектива, кога дури сега се очекува премиерата на првиот од новата генерација на „Volvo“ автомобили, тешко е да се поверува дека во рок од три години компанијата би требало во целост да ја обнови гамата на свои модели.

Сепак пристигнуваат информации дека „Volvo“ токму има такви планови. По новата генерација на моделот „XC90“, кој ќе биде претставен кон крајот на август, во 2015-та не очекува премиера на „Volvo S90“.

Oваа луксузна лимузина ќе го наследи актуелниот топ модел, „S80“. Покрај седан, можна е и купе верзија во класата на моделот „Mercedes S сlasѕ Coupe“.

Истата година би требало да се појави и караванот „V80“, додека за 2016-та година е планирана премиера на новиот „Volvo XC60“.

Во текот на 2017-та се очекува новата генерација на моделот „S60“ и „V60“.

Сите идни модели на „Volvo“ ќе ја користат новата „Scalable Product Architecture“ (SPA) платформа и новото семејство на 2.0-литарски четирицилиндарски дизел и бензински мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП