2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen повлекува 190.000 примероци на моделот Tiguan

Volkswagen повлекува 190.000 примероци на моделот Tiguan

problem tiguan 35

Германскиот производител објави дека испратиле покана за вонреден сервис за 189.490 сопственици на „Tiguan“ поради проблеми кои може да се јават со пумпата за гориво.

Овој проблем може да доведе до прекин на работата на моторот во возење, соопштуваат од „Volkswagen“, a отповикот е за возила кои се произведени меѓу 2007-ма и 2014-та година.

Иако во компанијата велат дека ова најчесто се случува веднаш кога возачот ќе го стартува автомобилот, а престанувањето на работата на моторот додека возилото е во движење го зголемува и ризикот од евентуална сообраќајна несреќа.

Според податоците кои ги објави американската Национална агенција за безбедност во сообраќајот (NHTSA) најголем број спорни возила (околу 151.000) се регистрирани во САД.

„Volkswagen“ соопшти дека ќе ги извести сопствениците на автомобилите кои се опфатени со овој вонреден сервис, со цел да ги доведат во овластените сервиси за бесплатно остранување на овој недостаток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП