16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПорто заработи над 600 милиони фунти од трансфери во последниве 10 години

Порто заработи над 600 милиони фунти од трансфери во последниве 10 години

FC Porto 333

Двократниот европски шампион Порто заработил 614 милиони фунти од трансфери во последните десет години.

Во понеделник тие остварија уште една голема зделка, откако го продадоа францускиот репрезентативец Елијаким Мангала на Манчестер Сити за 32 милиони фунти. На овој начин беше надмината границата од 600 милиони.

Во истиот период португалскиот клуб инвестирал солидна сума во привлекување на нови фудбалери – 293 милиони, но на заработката им е двојна.

Почетокот на оваа успешна трансфер политика беше лансирана по силните години во почетокот на векот. Во 2003-та година Порто го освои Купот на УЕФА, а една година подоцна и трофејот од Лигата на Шампионите. Тоа му даде сериозен поттик на клубот, а интересот за неговите играчи оттогаш не запира.

Веднаш по освојувањето на најпрестижниот европски турнир португалците ги продадоа Паоло Фереира и Рикардо Карваљо во Челзи и Деко на Барселона за вкупно 62.5 милиони фунти.

Тројцата се дел од 15-те фудбалери кои Порто успеа да ги продаде за над 15 милиони фунти во периодот 2004-2014 година.

Првенството, што е донело најголема сума во касата на клубот, е Премиер лигата. Англиските клубови имаат купено од Порто играчи за вкупно 145.8 милиони фунти.

15-те трансфери над 15 милиони фунти:

2004-та: Паоло Фереира во Челзи – 17.6 милиони, Деко во Барселона – 18.5 милиони, Рикардо Карваљо во Челзи – 26.4 милиони.

2007-ма: Пепе во Реал Мадрид – 26.4 милиони, Андерсон во Манчестер Јунајтед – 27.2 милиони.

2008-ма: Рикардо Кварезма во Интер – 21.7 милиони, Жозе Босингва во Челзи – 18 милиони.

2009-та: Лучо Гонзалез во Марсеј – 16.8 милиони, Лисандро Лопез во Лион – 16.8 милиони.

2010-та: Бруно Алвеш во Зенит – 19.4 милиони.

2011-та: Радамел Фалкао во Атлетико Мадрид – 41.4 милиони.

2012-та: Хулк во Зенит – 48.4 милиони.

2013-та: Жоао Моутињо во Монако – 22 милиони, Хамес Родригез во Монако – 40 милиони.

2014-та: Елијаким Мангала во Манчестер сити – 44 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП