22 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.08.2014

Дневен хороскоп 13.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес ќе застанете пред луѓето и ќе започнете со своите мотивирачки говори. Многумина ќе бидат инспирирани од вашата животна приказна, па не се изненадувајте ако започнат да ги копираат вашите постапки. Голема е веројатноста да слушнете дека нечиј љубовен живот се подобрил или преминал на следното ниво благодарение на вас.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)    

Влегувате во круг полн со возбуди, забава и можности. Истражете се што ви се нуди и фокусираје се на она што сметате дека е најдобро. Љубовта и романиката ќе влијаат на вашиот живот. Побарајте помош од некој Лав, тој ќе зна како да ве отплетка од ситуацијата на работа.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Најпосле ќе се чувствувате посигурно во врската. Ќе бидете подготвени на разни лудории, па и ризици затоа што знаете дека саканата личност ве сака најмногу на светот.На повидок е крупна материјална добивка која ќе ве поттикне уште повредно да работите. Го цените и трудот на другите, но ова што ќе се постигне сега ќе сметате дека е пред се ваша заслуга.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес вежбајте ја својата способност за говорење во јавност, бидејќи ви претстои настан на кој треба да се изложите пред огромна публика. Можеби не сте обожаватели на виртуелните познанства, но можно е токму тие да ви помогнат да постигнете своја цел.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Линијата меѓу љубовта и омразата е многу тенка и лесно може да биде избришана, а вие денес ќе бидете доказ за тоа. Не се изненадувајте ако довчерашен непријател сега започне да ви го освојува срцето.  Психичката состојба ви е загрижувачка, побарајте совет од стручно лице.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Во последно време се обидувате да излажете за некои нешта кои не сакате да бидат дознаени, но верувајте дека околината ги знае и ве заштитува со молчење додека вие лажно говорите. Некои пријатели ќе ве принудат на искрен разговор, попуштете пред нив, тие ќе ви помогнат. Љубовта не е онаква како што си ја замислувате, но подобро во овој момент не ни заслужувате.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако сакате нешто да постигнете, сметајте само на себе. Денес другите луѓе само ќе ви го одвлекуваат вниманието и ќе ве оневозможуваат да се фокусирате, па избегнувајте ја тимската работа или туѓата помош. Можно е да осетите потреба голем дел од денот да поминете сами, но не дозволувајте тоа чувство да се разлее и во следниве денови. Побарајте совет од некој Бик, тој ќе ви помогне.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Некои ќе отидат на пократок пат или на излет со саканата личност. Ова може да остане во незаборавен убав спомен.На дневен ред доаѓаат инвентивности. Ќе има и такви кои дефинитивно ќе завршат една фаза од својата работа. На повидок се нови очекувања, но за нивно остварување ќе треба да се постават нови темели. Сега ќе утврдувате нови правила на игра.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можна е преголема чувствителност. Доволно дозволувавте проблемите во вашиот живот да се таложат. Сега е време полека да започнете да ги решавате. Не и верувајте на Вагата која нескромно ви дели совети, таа очекува нешто повеќе од вас.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате некакво недоразбирање со некој Овен, обидете се да попуштите пред неговиот инает, бидејќи сепак вие зависите од целата ситуација. Активирани ви се сите креативни особини, искористете ги, направете нешто и профитирајте од тоа. Љубовта ви е монотона, променете нешто.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Нема да ви биде тешко да отидете на крајот од светот само да го најдете она што го барате. Оние што се во врска ќе ја изненадат саканата личност со предлози полни со активности и динамика.Добро ќе се справувате со тешки и значајни теми. Некои ќе бидат изоставени, или пак пред нив ќе бидат поставени поголеми задачи. Од финансиска гледна точка би требало да остварите добри резултати, па поради тоа може и да прославувате.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Пријатниот амбиент, поголемата отвореност и подготвеноста да го изразите она што го чувствувате како и наклонетоста на другата страна ќе ви ги направат овие денови убави.Како што ќе одминува седмицата, се повеќе ќе сакате да отидете на годишен одмор. Оние кои се уште не можат, веројатно ќе мораат да се ангажираат околу некои заостанати работи за кои одамна мислеле дека се завршени. Тоа малку ќе ги нервира, но нека издржат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП