Во периодот јануари-јули руската „Sberbank“ за 18,7 проценти го зголеми корпоративното кредитно портфолио на 874 милијарди рубљи (24,27 милијарди долари), а малопродажното за 14,5 проценти на 400 милијарди рубљи, соопштија од банката.
Вкупната задолженост на правните лица од почетокот на годината до 1. август е зголемена за 137,9 милијарди рубљи, а на физичките лица за 50,6 милијарди рубљи, пренесува Итар тас.
Обемот на кредитирање на правните лица за седум месеци во оваа година достигна 577,7 милијарди рубљи. На населението во тој период му биле одобрени кредити во вредност од 125,7 милијарди рубљи.
Вредноста на средствата на правните лица кои ги привлекла „Sberbank“ од јануари до крајот на јули е зголемена за 22,6 проценти на годишно ниво, на 1,293 милијарди рубљи. Истовремено обемот на средства на физичките лица е намален за 0,6 проценти на 2,071 милијарди рубљи, наведуваат од банката.