25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar-Land Rover на „слатки маки“

Jaguar-Land Rover на „слатки маки“

Jaguar-Land Rover222

Велат дека нема ништо поубаво за производител отколку кога побарувачката за неговиот производ е поголема од нивниот производен капацитет. Но тоа може да има и некои негативни ефекти, што луѓето од компанијата „Jaguar-Land Rover“ лично го почувствуваа.

Компанијата „Jaguar-Land Rover“ моментално е во проболеми со кои не се соочувала повеќе од една деценија. Имено, побарувачката за нивните модели е толку голема, а тоа неможат да го покријат нивните производни капацитети. Па поради тоа на моделите „Range Rover“ и „Range Rover Sport“ од последната генерација се чека полни шест месеци.

„Иако и „Range Rover“ и „Range Rover Sport“ во суштина, по димензии и изглед се исти автомобили, ние можеме да произведуваме на сите летни кои ги имаме, но нам проблем ни претставуваат подоцнешните детали, како што е фарбањето“, вели Марк Вај, главниот инженер во оваа компанија.

„Веројатно ќе работиме на тоа да направиме уште едно одделение за фарбање на автомобилите. Нема потреба за монтажни ленти, затоа што веќе сега ги имаме доволно. Неверојатно, но вистинито е дека тоа нам ни претставува најголем проблеми, а брањата се толку големи“, додава Вајт.

Тој уште вели дека на пазарот наскоро ќе се појави и новиот „Jaguar XE“ и дека тоа би можело да донесе нови проблеми, кои како што вели тој се „слатки маки“. Нема сомневање дека и други производители би сакале да ги имаат таквите проблеми во своите фабрики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП