2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSEAT вгради Android апликации во своите автомобили

SEAT вгради Android апликации во своите автомобили

opopop

Ако за некој автомобилски бренд може да се каже дека се развива паралелно со технолошките иновации, тоа дефинитивно е SEAT. Речиси и да нема нов модел, или нова серијаво која нема нови, дополнителни и напредниавтомобилскиуслуги.

Она што е најново е вградувањето на технологија за интеграција на Андроид паметните телефони и таблети во автомобилите, овозможувајќи дополнително уживање за љубителите на SEAT, луѓе со дух, кои најчесто се зависници од технологија, брзина и модерни гаџети, и кои сакаат да бидат први во се! Поттикнато од најновите истражувања за потрeбите на корисниците, обезбедена е поедноставна интеракција помеѓу возачот, возилото и паметниот телефон, намалувајќи ја можноста заоттргнување навниманието на возачот од патот.

NL

Резултатите покажаа дека голем број од сопствениците на SEAT сè уште се чувствуваат млади во духот,  и особено се заинтересиранида ги користат сервисите на Google, како и апликациите и интернет мрежите во своите автомобили.

Со интеграцијата на Андроид, SEAT ги опреми своите возила со врвна технологија и оптимизирани апликации, а ќе бидат обезбедени и сопствени апликации -со возбудливи информации и опции за персонализација.

Најновото технолошко надградување,се случи со спојувањето на шпанскиот бренд SEAT со Open Automotive Alliance (OAA), здружение на моќни технолошки компании кои работат на интеграција на Андроид паметните телефони и таблети во автомобилите.Членството на SEAT на OAA ќе биде објавено на овогодинешната технолошка конференција на GoogleI/O во Сан Франциско.

LEON CUPRA

Проширувањето на функционалноста на нашите забавно-информативни производи со користење на Андроид во автомобилите е совршен пример кој укажува како можете да уживате во технологијата и нашиот бренд кој се карактеризира со младешки дух “, вели ДитерПитерс, главен раководител на одделот за Електричнии електронски развој на SEAT.

Open Automotive Allianceе здружение на големи и познати технолошки компании и производители на возила кои имаат заедничка цел, а тоа е интегрирање на Андроид во автомобилите за врeме на патувањето. Open Automotive Alliance(OAA) го дефинира Андроид Автоинтерфејсот како стандард за on-board интеграција на Андроид уреди.Тоа е следниот чекор во областа на поврзувањето на паметните телефони или таблети со автомобилскиот забавно-информативен систем со кој се овозможува брз и едноставен начин на прикажување на содржината на паметниот телефон преку мултимедијалниот систем на возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП