5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai заработи казна од 17 милиони долари

Hyundai заработи казна од 17 милиони долари

kazna hjundai

Aвтомобилската компанија од Јужна Кореја е казнета со голема сума на пари поради тоа што предолго чекала своите дефектни автомобили да ги испрати на сервис.

Националната агенција за безбедност во сообраќајот во САД на компанијата „Hyundai“ и изрече казна од дури 17.35 милиони долари, затоа што тие минатата година многу задоцниле со отповикот на својот модел „Genesis“ од 2009-та и 2012-та.

„Во „Hyundai“ и натаму сме посветени на тоа наш главен приоритет да биде безбедноста на патниците. Секој дефект на автомобилот кој може да ја загрози безбедноста ќе биде веднаш пријавен и отстранет“, вели Дејвид Зуковски, претседател и извршен директор на компанијата „Hyundai“.

Почетната бројка на автомобили кои беа поврзани со отповикот изнесуваше 27.500 примероци, а во ноември минатата година таа се искачи до 43.500 примероци.

Проблемот беше во течноста за сопирање која не спречувала настанување на корозија на хидрауликата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП