
„Mini“ престана со производството на првата генерација на моделот „Clubman“, додека неговиот наследник ќе се појави следната година.


„Mini“ престана со производството на првата генерација на моделот „Clubman“, додека неговиот наследник ќе се појави следната година.
„Clubman“ во продажба се појави во 2008-ма година и по шест години, неговото производство сега е прекинато, како што пренесува холандски „Telegraaf“. Во веста не се наведува дали престана и производството на „Clubvan“, но бидејќи станува збор за возило кое претставува дополнителна верзија на „Clubman“, „Mini“ веројатно престана со производство и на тој модел.
Што се однесува до новата генерација на „Clubman“, таа во продажба се очекува во текот на 2015-та година, а најавена е на последниот саем за автомобили во Женева со студијата „Clubman concept“.
Сериската верзија на новиот „Clubman“ премиера ќе има во март 2015-та на женевскиот автосаем, а се очекува ова возило да биде за 16 cm подолго и за 17 cm пошироко од досегашниот модел.