23 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 12.08.2014

Дневен хороскоп 12.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Во овој период работата ќе ви биде позначителна. Долго бевте во расчекор сами со себе и помеѓу оној де од животот кој долго време е минато и она што сега ви се случува. На деловно поле ќе ги остварите повеќето фантазии. Следи едно познанство на покус пат кое ќе ја побие вашата сурова логика. Ова познанство има тенденција да се претвори во еден добар деловен контакт.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)     

Ако не сте започнале некој нов проект, не е важно. Среќата постојано ќе ве следи во финансиска смисла, па затоа не треба да се оптоварувате. Се си доаѓа на свое место и во моментите кога мислите дека се е изгубено, нема да бидете свесни какви можности ве опкружуваат. Финансиската ситуација ќе стане доста поволна, но сепак не се опуштајте трошејки.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Бидете повнимателни со одлуките на љубовен план, бидејќи можно е да гледате на случувањата со розови очила. Хармонично ќе комуницирате со секого, дури и со лицата со терсене карактери, бидејќи со леснотија ќе ја бркате тензијата и ќе создавате услови за непречени дискусии. Ќе заведувате со шармантно изразување и попрефинети гестикулации.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Внимавајте во љубовта ве очекуваат негативни промени. Препорачлива е консултација со доверлива личност за одлуките поврзани со вашето срце. На работното место се е по старо, и во блиска иднина нема да постојат промени. Незадоолството кое го носите во себе пробајте да го победите со малите нешта кои знаат да ве направат среќни.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ве очекуваат големи тешкотии на работен план во следниов период. Задоцнивте поради работите кои не сакате на време да ги видите и сега немате излез од оваа криза. Упатете се кон одредени луѓе кои знаат да ве советуваат. Само во тој случај ќе успеете да дојдете до нови решенија и складност помеѓу соработниците.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Финансиските трошоци ќе ве потсетат да ја продолжите работата која сте ја започнале. Надворешните прблеми не се толку тешки за да ве спречат во постигнувањето на вашите цели. Но сепак сметајте на намалена концентрација. Одлично ќе се разбирате со колегите и претпоставените. Во љубовните врски односите се заоструваат, а слобоните треба да внимаваат со кого ќе започнат љубовна врска.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Обврските се множат, но вам сето тоа ве исполнува и задоволува. Случувањата кои следат на работното поле само ќе ви отворат уште многу можности за напредок. Ќе бидете при крај со силата и заморот, но и задоволни. Се обидувате реално да ја согледате својата професионална приказна, но ве мачат некои случувања од минатото и повредената гордост. Работниот партнер е подготвен за новости, но вие живеете во страв дека може нешто негативно да ве изненади во поглед на финансиите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Чувствувате дека настапува вашето време во професијата. Гласот кој го очекувате само што не стигнал до вас. Своите 5 минути ќе ги доживеете денес. Покрај вас има личност со која може многу да направите. Некои од вас, а посебно оние од третата декада, нема да бидат подготвени за промените кои им се подготвуваат на работното поле. Може да го загубите статусот кој сте го имале, а воедно и приливот на финансии може да ви биде намален.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

На дневен ред доаѓаат инвентивности. Ќе има и такви кои дефинитивно ќе завршат една фаза од својата работа. На повидок се нови очекувања, но за нивно остварување ќе треба да се постават нови темели. Сега ќе утврдувате нови правила на игра.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе започне да се движи низ Лав, вашиот сектор на страста, романсата и гламурот. Без воздржување ќе се фрлате во прегратката на саканиот и ќе копнеете за интимни моменти. Не сте во врска? Ќе флертувате поотворено и ќе имате силна искра во очите која нема да остане незабележана.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате некаков внатрешен проблем, побарајте совер од некој Бик, тоа е најискреното и најдиректното лице кое најмногу ќе ви помогне. Нека не ве растажува финансиската ситуација која ви задава проблеми во општеството. Следат поповолни периоди.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе ве привлекуваат многу креативни нешта, но вашата мрзеливост ќе ги одложи за некој нареден пат. Комуникацијата со околината не е искрена, некој ве лаже за некои нешта на кои се надевате. Бидете внимателни, не сите ситуации и муабети кои сте ги слушнале се вистинити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП