23 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСедумтемина непосакувани на „Олд Трафорд“

Седумтемина непосакувани на „Олд Трафорд“

neposakuvani jynajted

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал им соопштил на седум фудбалери од тимот дека нема да смета на нив во новата сезона во англиската Премиер лига.

Според „Дејли Меил“ поранешниот селектор на Холандија имал индивидуални разговори со секој еден од споменатите фудбалери и ги информирал дека треба да си побараат нови клубови. Во сметките на Холанѓанецот не спаѓаат Хавиер Хернандез, Маруан Фелаини, Вилфред Заха, Луис Нани, Андерсон, Рафаел да Силва и младиот Вил Кин.

Досега десниот бек Рафаел не беше споменуван меѓу потенцијалните кои ќе го напуштаат „Олд Трафорд“.

Во исто време на Јапонецот Шиндџи Кагава му беше соопштено дека може да остане во тимот, но нема да биде меѓу стартерите, туку ќе биде резерва на Андерс Ерера и Хуан Мата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП