28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака ќе изгледа новиот Kia Sorento (фото)

Вака ќе изгледа новиот Kia Sorento (фото)

sorento 1

Корејскиот производител на автомобили одлучи да го открие изгледот на новата генерација на својот најголем „SUV“ модел, малку порано од што се очекуваше.

Иако аткуелната верзија не е толку долго присутна на пазарот (oд 2009-та), новиот „Sorento“ претставува значаен чекор напред во поглед на дизајнот на надворешноста.

„Kia“ доста внимание посвети на изгледот на возилото, со оглед дека во неговото обликување покрај корејското дизајнерско студио учествуваа и центри за дизајн од Германија и Калифорнија.

sorento 2

Во компанијата објаснуваат дека некои стилски елементи се превземени од футуристичкиот концепт „Kia Cross GT“ од 2013-та, што најдобро може да се види на маската на ладилникот.

„Sorento“ зa 2015-та е долг 4.780 mm, што е за 95 mm повеќе во однос на сегашниот модел. Кабината ќе биде покомфорна, а патниците ќе имаат повеќе место за нозете, со оглед дека меѓуосовинското растојание е поголемо за 80 mm и сега изнесува 2.780 mm.

Автомобилот е висок 1.685 mm, а тоа значи дека е понизок од аткуелната верзија за 15 mm.

sorento 3

Иако деталите за погонските единици не се соопштени, во зависност од пазарите во понудата би можеле да се најдат 2.4-литарски четирицилиндарски бензинец и 3.3-литарски „V6“, додека од дизелите купувачите можат да сметаат на 2.0 и 2.2-литарски „CRDi“ мотори.

Фотографии од ентериерот засега не се достапни, но се најавува дека новиот „Sorento“ ќе биде полуксузен од претходникот, па можеме да очекуваме квалитетни материјали и нови содржини кои ќе бидат на располагање, како за возачот, така и за патниците.

sorento 4

Сепак, благодарејќи на цртежот кој компанијата неодамна го објави најавувајќи го овој модел, можеме да имаме предвид како ќе изгледа контролната табла. На централната конзола ќе доминира голем екран за мултимедијалниот систем преку кој ќе се контролираат и бројни функции на возилото, додека под него ќе се наоѓаат командите за клима уредот.

„Kia Sorento“ зa 2015-та најпрво ќе биде претставен на корејскиот пазар кон крајот на август, а светска премиера се очекува да има на саемот за автомобили во Париз на почетокот на октомври, кога ќе бидат познати повеќе детали за овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП