22 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.08.2014

Дневен хороскоп 11.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ве очекуваат напнатости. Деловните односи донекаде ви се пореметени, но набрзо тоа ќе се подобри. Најмногу задоволство ќе наоѓате во незадолжителните дружења и контакти со луѓето кои ги сакате. Финансиската ситуација помалку ќе ве измачува, вашите примања се помали од моменталните трошоци. Размислете и пронајдете додатна заработувачка. Сентименталните односи ви се стабилни.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)          

Ве очекуваат новини на работно поле, но овие промени ќе бараат од вас жртва. Ќе морате да превземете и дел од работата на другите, бидејќи вашите интереси се заеднички. Решавањето на проблемот што ве измачувал многу ќе ве расположи. Постои можност за некое патување и на вас останува да одлучите. На партнерот не му одговара вашата презафатеност со работата. Здравјето одлично ве служи.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Доколку сте во можност одвоете ги своите мисли и работните обврски и посветете се на партнерот. Покрај тоа што од вас ќе го извлече најдоброто, што во моментот можете да го дадете ќе добиете нежност и љубов, а тоа ви е потребно повеќе отколку што мислите. Здравствената состојба ви е чувствителна, не се нервирајте туку опуштете се и одморете се.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Работете ја работата посериозно и целосно. Површното работење може негативно да делува врз вашата работа, а особено врз финансискиот дел. Поради новонастанатата ситуација на работното место ќе морате некои работи да ги менувате од корен. Не донесувајте битни одлуки на брзина. Некоја личност од порано која ви должела ќе ви возврати со услуга. Во љубовта чувствувате мала несигурност. Разговарајте со вашиот партнер и бидете искрени.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не ќе можете реално да ја процените ситуацијата и луѓето околу вас. Ќе бидете разочарани од една ваша блиска личност. Бидете потрпеливи и внимавајте како настапувате. Не ги запоставувајте работно-финансиските проблеми, бидејќи можат да се зголемат. Сентиметалните односи ви се одлични ве очекува ден исполнет со љубов и разбирање. Сдлободните претставици ќе имаат можност за избор. Постапете правилно.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Во текот на денот ќе ви се наметне потреба да бидете природни и да покажете поголема амбициозност. Не применувајте агресивно убедување и претерано зборување во комуникациите, затоа што ефектот може да биде обратен. Родените во третата декада кои се наклонети кон експериментирање во љубовта, потребно е да бидат внимателни, затоа што не се прогнозираат задоволителни резултати. Не ја провоцирајте личноста која многу ви значи.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Напнатоста се намалува, ќе бидете задоволни со себе, а ќе се подобрат и односите со соработниците, роднините и пријателите. Ќе имате многу енергија и ќе знаете самите животот да си го направите поинтересен. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини, па затоа би требало да им посветите повеќе внимание. Емотивно сте ставилни и со одлично здравје.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Подгответе се однапред денеска ве очекува многу работа. Ако не можете сами побарајте некој кој ќе ви помогне. Не дозволувајте некој злобен колега да ви ги расипе вашите работни планови. Во љубовниот живот не ги сокривајте емоциите, бидејќи вашиот партнер не ќе знае што чувствувате кон него, па тоа може да доведе до несакани ситуации. Потрудете се повеќе.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некои од вас ќе се соочат со сериозни професионални дилеми и ќе биде потребно многу мудрост за да го повлечат правилниот конец. Сите претставници на овој знак ќе мора да обрнат повеќе внимание на здравјето, бидејќи се можни проблеми. На љубовен план овој ден ви носи искушение на кое не треба да подлегните. Сега склопените љубовни врски можат да бидат без иднина, но сепак изборот останува на вас.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можеби денеска ќе ви се укаже прилика за патување, која не треба да ја пропуштите. Прифатете ги сите деловни понуди кои потекнуваат од странство. Успех им претстои и на оние претставници чија работа се состои од патување. Исклучителната раздвиженост во интимниот живот може да ви донесе популарност кај лице од спротивниот пол кое вие ќе знаете да го искористите иако врската можеби ќе трае кратко.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе бидете несигурни во работата која ја работите особено во средување на некои документи. Очекувајте успех од личност од вашето семејство што за вас ќе биде голема радост. Ве очекуваат парични проблеми исплатите кои ги очекувате ќе бидат помали, па не е исклучена можноста да се обратите некому за позајмица. Ве измачуваат љубовни проблеми. Здраствената состојба ќе ви се подобри.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ви се закануваат агресии, но засега ќе успевате да ги избегнете кавгите со околината особено со колегите и претпоставените. Ќе бидете нервозни и вашите потези нема да даваат најдобри резултати. Емоционалниот живот ви е пријатен и хармоничен. Ќе имате многу добар контакт и одлично ќе се разбирате со партнерот. Здравствената состојба ви е чуствителна ве очекуваат проблеми со крвотокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП