20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEtihad плати 560 милиони евра за 49% oд Alitalia

Etihad плати 560 милиони евра за 49% oд Alitalia

alitalia-etihad-258

Aвиокомпанијата„Etihad Airways“ ќе се здобие со речиси половина од „Alitalia“ и ќе инвестира 560 милиони евра во овој италијански превозник.

Двете авиокомпании водат преговори речиси една година, но финалниот договор беше одложен поради договорот за намалувањето на илјадници работни места и реструктуирање на обврските.

„Alitalia“оствари годишна добивка само неколку пати во својата 68-годишна историја и добивала многу пати помош од државата пред да биде приватизирана во 2008-ма година. Во минатата година компанија беше спасена уште еднаш со пакет во вредност од 500 милиони евра.

Без договор со богатата „Etihad“, нејзините авиони можеа да останат на земјата со недели, според аналитичарите. Нето загубата на „Alitalia“ за минатата година се зголеми повеќе од двојно до 569 милиони евра.

Покрај инвестицијата на „Etihad“, која ќе плати за 49% во италијанскиот авиопревозник, акционерите се договориле и за зголемување на капиталот со 300 милиони евра. Банките кредитори на „Alitalia“, меѓу кои се „UniCredit“ и „Intesa Sanpaolo“, се согласиле да доделат дополнителни 300 милиони евра нови кредити и да се преструктуира долгот на „Alitalia“ за 598 милиони евра. Така вкупната вредност на трансакцијата изнесува 1,76 милијарди евра.

Според условите на договорот „Alitalia“ ќе ослободи 1.635 од своите 14.000 вработени. „Etihad“ планира римскиот аеродром Фиумичино да стане интерконтинентален центар и да го подобри работењето на „Alitalia“ со товарниот превоз, како и да додаде нови дестинации од Рим и Милано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП