29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканскиот производител на облека GAP ја зголеми продажбата

Американскиот производител на облека GAP ја зголеми продажбата

gapgapjn8iyrqa

Американскиот моден гигант „GAP“ ја зголеми продажбата во јуни за 5,0 проценти во однос на истиот месец минатата година, а нејзината вредност изнесува 1,17 милијарди долари.

Во продажните објекти на „GAP“ растот изнесува 2,0 проценти, што е значително над просечните прогнози на аналитичарите од 0,1 проценти, пренесува францускиот весник „Capital“.

На вкупниот раст посебно влијаело зголемувањето на продажбата на марката „Banana Republic“.

На ниво на целото тромесечје (април-јуни), приходите од продажбата пораснале за 3,0 проценти, на 3,98 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП