22 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.08.2014

Дневен хороскоп 09.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе планирате некакво патување. Бидејќи се работи за нешто што е многу привлечно и убаво поради тоа прекрасно ќе се чуствувате. Ќе бидете незадоволни со своето знаење, па многу од вас ќе планираат некое усовршување. Моментално сте многу превртливи и често се менувате. Обидете се да ја воочите оваа слабост и контролирајте ја.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Со пријателите ќе ги поминувате слободните моменти. Тие умеат да ви помогнат за да ги заборавите проблемите особено оние кои се однесуваат на вашето здравје. Слабата точка на организмот е стомакот. Не е ништо алармантно, но сепак вие сте исплашени. Обрнете му повеќе внимание на здравјето.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Полни со сила и желба за афирмација ќе бидат особено Близнаците родени во првата декада, додека пак Близнаците од втората декада ќе треба да ја насочат својата енергија на пофините работи. Ви препорачуваме повеќе контакти со луѓе и изразување на своите идеи без претерана критичност.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Односите со претпоставените и соработниците на работното место се доста нестабилни и несредени. Ќе бидете загрижени и вознемирени. Избегнувајте ги сите рискантни работи и внимавајте на неточните информации. Финансиската ситуација е релативно добра. Во љубовниот живот ве очекуваат расправии и тоа поради љубомора.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можност за средба со личност која доаѓа од далеку. Контактите со странство се успешни и постои можност вашиот партнер или член од семејството конечно да донесе решение за заминување во странство. Во работата внесете што повеќе спортски дух и расположение. Во сериозните врски бидете помалку себични и прифатете ја понудата на партнерот за нови искуства и експерименти.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ви се закануваат непријатности поврзани со комуникациите, па најдобро би било да не претерувате со дружењето и да не очекувате туѓа помош. Би можеле многу да се разочарате. Ќе имате и стресови поради некои неочекувани реакции на луѓе од вашата околина. Би било добро да ги избегнувате работите поврзани со комуникации, не очекувајте ништо од претпоставените нити од колегите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Се наоѓате во доста незгодна ситуација на работното место. Никој во моментот не може да ви помогне ако не се потрудите сами. Намалете ги работните задачи и не се нервирајте за се што се случува оклу вас. Во љубовната врска ќе имате мала криза, бидејќи доста сте затворени во себе.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Избегнувајте деловно ривалство со личности кои имаат негативна репутација. Се наоѓате во емотивен расчекор, дилемата која се обидувате да ја решите повеќе зависи од нечија волја или влијание отколку од вас самите. Внимавајте на финансиите, трошите пари на незначајни ситници.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Многу е важно да можете да креирате нова работна ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност. Прилагодете ја вашата улога во склад со заедничките афинитети.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не дозволувајте овој ден да го поминете во домашна атмосфера. Ви препорачуваме повеќе движење, средби со пријатели и забава. Денот е поволен и за работи поврзани со вложување на интелектуален напор. Финансиите ви се одлични, а во љубовта чувствувате неверојатна среќа, искоритете го поволниот ден.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Сите активности ќе се базираат на чесност и искреност. Доколку забележите дека околината не се однесува исто кон вас, многу ќе ви биде тешко, но тоа нема да го покажувате ниту да реагирате. Едноставно ќе се повлечете. Дефанзивниот став ќе стане ваше правило.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Многу ви е важно да го привлечете вниманието на околината и вашите идеи да ги претставите на оргинален начин. Ќе ви биде потребна дипломатска нота и добра работна стратегија во настапите пред соработниците. Употребете ја проверената формула. Ќе ве израдува вашиот нов емотивен сигнал и некоја порака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП