18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi A3 Sportback e-tron (фото+видео)

Audi A3 Sportback e-tron (фото+видео)

etron

Времето на електричните автомобили доаѓа полека, но сигурно. Повеќе нема големи производители кои нови модели не лансираат во хибридна или електрична „plug-in“ верзија.

Последниот на оваа листа е „Audi“ кој го претстави „A3 Sportback plug-in“ во хибридно издание.

etron1

„Audi“ покрај опцијата за полнење на батеријата додека автомобилот е во мирување, понуди и сигурност во 1.4-литарски „TFSI“ агрегат од 150 KS, кој е поврзан со електромотор со снага од 75 KW, oдносно 102 KS со „S-tronic“ автоматски менувач со двојно квачило.

Просечната моќ на „A3 Sportback e-tron“ во мешана комбинација изнесува 150 KW oдносно 204 KS при исклучителни 350 Nm вртежен момент. Тоа е сосема доволно за од нула до „стотка“ да стигне за 7.5 секунди, како и максимална брзина од 220 km/h.

etron2

И на крајот малку фабричка фантазија, иако повеќе би сакале тоа да е реалност. Потрошувачката на гориво на „A3 e-tron“ при 90 km/h наводно изнесува 1.5 L/100 km, додека емисијата на „Co2“ е само 35 gr/km.

Во опцијата возење само на електро погон, „A3 e-tron“ поседува автономија од околу 50 километри во идеални услови со максимална брзина од 130 km/h.

Според информациите, цената на „Audi A3 Sportback e-tron“ ќе стартува од 38.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП