26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТие ќе платат милиони евра само да не чекаат за испорака!

Тие ќе платат милиони евра само да не чекаат за испорака!

isporaka 1

Купувачите на моделот„LaFerrari“ се толку нестрпливи така што се подготвени да издвојат дополнителни 1.25 милиони евра, што е скоро исто колку цената на овој автомобил, со цел порано да го добијат својот нарачан примерок.

За некој да стане еден од 499-те привилегирани сопственици на „LaFerrari“ потребно е да се задоволат неколку услови.

Покрај чекот во износ од 1.3 милиони евра, неопходно е да ја докажат својата посветеност кон брендот, односно во својата гаража веќе да имале пет автомобили на оваа италијанска марка. Сите апликации за купување на крајот треба да завршат на масата на директорот на „Ferrari“, па тој лично да ги одобри.

isporaka 2

Но тука не е крај на „маките“ на идните сопственици.

Со оглед дека процесот за производство на овој врвен автомобил бара одреден временски период, следи период на чекање платеното „Ferrari“ да биде направено и испорачано, а чекањето не им одговара на клиентите кои за купувањето на автомобилот дале 1.3 милиони евра.

Како што пренесува интернет страната „Motoring Research“, резултатите од истражувањето кое го направила компанијата „Oracle Finance“ меѓу купувачите на супер-спортски автомобили, покажува дека сопствениците на „LaFerrari“ се подготвени да платат уште 1.25 милиони евра само за да не ја чекаат толку долго испораката на својот автомобил.

isporaka 3

Нешто помалку нестрпливи се купувачите на „McLaren P1“. Па својот примерок да го добијат нешто порано, треба да издвојат дополнителни 380.000 евра, додека оние кои купиле „Porsche 918 Spyder“ подготвени се да платат 250.000 евра повеќе за да го намалат времето на чекање.

Нетрпеливоста не е единствената причина поради која сопствениците на „LaFerrari“ даваат дополнително толку пари за да го намалат периодот кој е потребен за да им се испорача автомобилот.

Цените на најскапите супер-спортски автомобили чиј број на примероци е ограничен, обично подоцна растат на пазарот, па нивните сопственици во еден момент можат да ги препродадат и тоа да им донесе дополнителна заработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП