20 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 08.08.2014

Дневен хороскоп 08.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Потполно сте свртени кон афирмација на вашата личност во општествените активности. Зголемениот број на контакти ќе ви овозможи започнување на нови проекти со нови партнери. Финасиската состојба исто така поволна, но ве очекуваат поголеми трошоци од обично. На емотивен план очекувајте успех и тоа во освојувањето на симпатијата.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Немате причина да бидете загрижени. Денешниот ден ви носи доста пријатни моменти како на работното место така и во приватниот живот. Финансиската ситуација добива доста позитивен тек. Во сентименталниот живот, ако ништо не очекувавте од вашиот партнер може да се случи сосема спротивно, да бидете пријатно изненадени. Овој пат вреди да се ризикува.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе размислувате на креативен начин. Бидејќи нема да имате некоја среќа во функционирањето на материјален план ќе се ориентирате на работи кои ќе ви помогнат убаво да се чуствувате. Некои претставници ќе уживаат во риболовот, некои ќе медитираат, а пак некои ќе пишуваат песни. Во секој случај ќе уживате.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Сигурно ќе ги победите сите оние кои од различни причини сакаат да ви наштетат и од таа битка да излезете со крената глава. Сето тоа ќе заврши за многу кратко. Сте наидувале на погрешни личности кои емотивно ве искористувале. Се чини дека новиот партнер е сосема друго, но уште треба да причекате со донесувањето на судот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денот во целост е добар и покрај тоа што ќе имате и проблеми кои ќе морате да ги решите, бидејќи во спротивно вашата позиција може да ослабе. Во финансиските работи ве очекува успех, но би требало да ги избегнувате работите поврзани со недвижнини. Лицата кои работаат со вас можат да ви задаваат помали проблеми. Ќе биде најдобро за се да решите сами бидејќи луѓето покрај вас изгледа дека не ви се верни.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Брзината со која комуницирате нема да биде на посакуваното ниво, а тоа ќе предизвикува извесни застои во извршувањето на работните обврски. Врз вашата положба на работното место влијаат и некои фактори за кои вие не сте свесни. Кога е во прашање љубовта, тука сте со среќна рака. Прекрасен ден за емотивни уживања за сите припадници на овој знак. Здравјето добро со повремени болки во главата.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Пред вас е одличен ден во кој ќе се чувствувате прекрасно. Ќе бидете добро расположени, но попустливи кон партнерот многу повеќе отколку обично. Избегнувајте поголеми работни обврски. Мудро би било важните работни одлуки да ги оставите за подоцна. Здраствената состојба не е најдобра можеби ќе имате проблеми со дишните органи. Не изложувајте се на големи напори и шетајте повеќе.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денеска не сакате да се дружите и ќе се затворите во сопствениот свет. Вашите идеи ќе ве затворат во светот на фантазиите за кои во моментот мислите дека се најдоброто скривалиште. Водете сметка денеска на исхраната. Преоптеретениот желудник може да ви предизвика компликации.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Полни сте со енергија и доколку не успеете да ја трансформирате или употребите ќе бидете во голема неволја. Ќе се обидете на насилен начин да го добиете она што го сакате и доколку наидете на препреки ќе размислувате во погрешна насока. Во друштво на вашите прилатели ќе си поминате незаборавни моменти. Претставниците во врска ќе влегуваат во безпотребни расправии со партнерот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Мислите дека уште имате време и дека сега не е поволен момент за промена на лошото работно место, и со тоа кој знае по кој пат го повторувате правилото дека не сте доволно способни да се носите со егзистенцијалните проблеми. Ќе бидете ориентирани кон уметноста.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ова е доста интензивен ден кој ќе биде богат со многу настани. Ќе бидете чувствителни, а расположението ќе ви биде променливо. Многу ќе контактирате и ќе разговарате, но резултатите нема да бидат поволни. Многу зависи од вашите лични аспекти, но и вие самите себе ќе се изненадувате. Во емоционалниот живот ве очекуваат непредвидени случувања.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекуваат некои пречки и проблеми кои многу ќе ве оптеретуваат. Бидете многу внимателни во постапувањата со имотот и засега избегнувајте важни одлуки, особено ако се поврзани со финансии. Односите со околината ќе ви бидат многу добри, но не особено блиски. Сега и немате потреба за комуникација и ќе бидете некако мрзоволни. Избегнувајте кавги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП