3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗУште едно Ferrari ќе добие турбо мотор?

Уште едно Ferrari ќе добие турбо мотор?

italia ferrari

Адаптирањето на новите европски стандарди за емисијата на јаглен-диоксид доведе до тоа „Ferrari“ потворно да се посвети на моторите со турбо-полнење. Првиот таков модел, „Ferrari California T“, имаше премиера на саемот во Женева во март, а за 2015-та се најавува и редизајниран „Ferrari 458 Italia“, кој исто така ќе има турбо мотор.

Како што пренесува британски „Car Magazine“, наследникот на актуелниот модел ќе ја има ознаката „M458-T“ и ќе биде претставен исто така во Женева во 2015-та.

Наместо досегашниот 4.5-литарски атмосферски „V8“ мотор со 570 ks, „Ferrari 458 Italia“ ќе има „twin-turbo V8“ единица која ќе произведува околу 680 ks.

Се очекува дека „Ferrari M458-T“ ќе биде побрз од актуелната верзија која од 0 дo 100 km/h ќе забрзува за 3.6 секунди.

Колку е важно за „Ferrari“ да ги задржи или подобри постоечките перформанси на автомобилите, според новите прописи важни се и податоците за потрошувачката и „CO2“ емисијата.

Воведувањето на турбо технологијата секако ќе допринесе емисијата на јаглен-диоксид, која кај моделот „458 Italia“ според фабричките податоци моментално изнесува 307 g/km, ќе биде значително намалена.

Покрај погонските подобрувања, се очекува „Ferrari 458 Italia“ да претрпи и одредени стилски модификации кои ќе опфатат редизајн на браникот, маската и фаровите и употребата на „LED“ технологија.

Идните сопственици на располагање најверојатно ќе го имаат и „Harman Kardon“ мултимедијалниот уред кој е претставен во „Ferrari California T“, како и „Apple CarPlay“ системот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП