20 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 07.08.2014

Дневен хороскоп 07.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе бидете во дилема која ќе ви ја наметне подобрата половина или пак некој од најдобрите пријатели. Ситуацијата на работа ви цвета и пред вас е прекрасна иднина, но поради тоа вашите блиски ќе се почуствуваат запоставени. За жал тој проблем не ќе можете да го решите без компромис.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе се занимавате само со работи од кои имате некаква корист. Иако околината мисли дека не сте себични, вие понекогаш знаете да бидете такви. Обидете да се ослободите од оваа особина. Со Близнаците се можни судири на мислења.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Изразени се желбите за заработка и уживање во материјални богатства. Настојувате да ја прикриете вашата амбиција, бидејќи можете да нагазите на мина. Не брзајте за никаде туку застанете и погледајте околу себе. Ќе одиграте многу важна улога во решавањето на некој проблем во вашето семејство. Обезбедете време за личноста која ве привлекува.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Преиспитајте ги постапките, лесно можете да заработите негативни поени од претпоставените. Слободните претставници на овој знак тој проблем нема да го имаат, напротив работните задачи ќе ги извршуваат со голем ентузијазам. Размислувајте попозитивно не е се така црно.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе морате мирно и сталожено да ги анализирате сите задачи кои себе си сте си ги поставиле. Претерувате во искажувањето на лаги, па околината ве смета за непожелно лице. Планетите не ви се наклонети, очекувајте проблематичен период.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Бидејќи концентрацијата нема да ви биде најдобра денес ќе направите многу грешки. Некој ваш колега на многу успешен начин ќе може да ве извади од такт, па бидете внимателни. Се што ќе слушнете од него примете го со резерва. За вас така ќе биде полесно. Љубовните недоразбирања се стишувааат.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Постојано нешто планирате, финансиите и инвестициите ви се приоритет. Не брзајте, денешните влијанија на планетите може да ви создадат проблем. Некој пријател ќе побара ваша помош и поддршка, размислете како ќе постапите. Внимавајте некој Рак ќе реагира агресивно на вашите идеи.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Морате да бидете објективни спрема себе доколку сакате од моменталната ситуација да го извлечете максимумот. Бидејќи настојувате да и докажете на околината нешто што не постои ќе запаѓате од грешка во грешка што ќе резултира со нарушени меѓучовечки односи. Прошетките во природа ќе ве спасат.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не постои опасност денес некој да ви го загрози овој мирен ден. Искористете го денот за средување на некои работи. Вашите деловни планови кои ви се разработени до најситните детали ќе се покажат поскапи одколку што планиравте. Во емотивната врска ве очекува мало разочарување од односот на вашиот партнер.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Премногу оган моментално е присутен во сите настани. Одлично ќе се чуствувате бидејќи топлината многу ви годи. Обидете се да не влегувате во судири со околината и да пронајдете внатрешен мир. Тоа не ви е баш јака страна, но бидејќи сте паметни и знаете што сакате ќе успеете да ја пребродите слабоста.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денеска ќе реализирате доста успешни разговори со некои ваши деловни партнери. За секој случај доверете им се само на вашите блиски и оставете уште некое време да остане тајна. Денеска ќе посакате да бидете сами со вашиот партнер и целосно препуштете им се на чувствата. Ако сте во можност денес вратете ги долговите зошто подоцна можеби ќе имате проблеми.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Сите ваши напори за развивање и подобрување на вашите знаења и умеења ќе бидат успешни, а секако дека ќе ви донесат и успех. Финансиската ситуација ви е доста нестабилна, па можеби ќе бидете загрижени поради тоа. Ако не можете сами побарајте професионална помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП