2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRolls-Royce Wraith наскоро и во кабриолет верзија

Rolls-Royce Wraith наскоро и во кабриолет верзија

rolce wraith  kabrio

„Rolls-Royce“ потврди дека во 2016-та година ќе претстави нов модел – „Wraith Drophead Coupe“.

Кога некој производител во својата гама има само неколку модели, а покрај тоа да се нарекува „Rolls-Royce“, секоја најава за ново возило привлекува големо внимание на автомобилската јавност.

Дека компанијата го подготвува „Wraith Drophead Coupe“, можеше да се заклучи врз основа на фотографијата на маскираното тест возило која неодамна се појави на интернет.

„Rolls-Royce“ соопшти дека во тек се ригорозни тестови на прототиповите, кои означуваат влез во нова развојна фаза на овој модел.

Компанијата не објави повеќе детали, но се очекува кабриолет верзијата да го користи истиот мотор кој се наоѓа во моделот „Wraith“. Станува збор за 6.6-литарски „V12“ кој произведува 632 ks (465 kW) и 800 Nm максимален вртежен момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП