28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi и Chrysler ќе заработат казни во Кина

Audi и Chrysler ќе заработат казни во Кина

audi kraj2

Кај германскиот производител на луксузни автомобили „Audi“ и американски „Chrysler“ е утврдено „монополско однесување“ во Кина.

Поради тоа овие два производители наскоро ќе бидат казнети, соопшти кинескиот регулаторен орган, а во моментот се спроведуваат бројните истраги против странските авто-компании.

Во извештајот на кинеската Комисија за национален развој и реформи (NDRC) не е објаснет поимот „монополско однесување“, но Кина под тоа подразбира злоупотреба на доминантната положба на пазарот, со цел да ја одредат монополската цена, пренесуваат светските агенции.

Кинеските власти неодамна започнаа низа истраги поради загриженоста за незаконски високите цени за авто-делови и готови автомобили во Кина, земја која е најголемиот светски пазар за автомобили.

Официјален Пекинг воведе високи царини за увезените возила и делови, што според зборовите на производителите, тоа ги подигнува трошоците за кинеските клиенти.

Исто така, истрага се води и против „Mercedes-Benz“, филијалата на германски „Daimler“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП