25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВработените од Комерцијална банка на хуманитарен велеслалом во Маврово

Вработените од Комерцијална банка на хуманитарен велеслалом во Маврово

komercijalna-banka

Ски центарот „Заре Лазаревски“ од 15 до 17 февруари во Маврово организираше Хуманитарен аматерски велеслалом, за поддршка на СОС Детско село Македонија која претставува дел од големото семејство на меѓународната организација SOS Kinderdorf International во кое членуваат Здруженија на СОС Детски села од 132 земји во светот.

Главна цел на Здружението на граѓани СОС Детско село Македонија е згрижување на деца без родители и родителска грижа и превенција на децата кои се во ризик да останат без своите биолошки родители. На хуманитарниот натпревар, кој значеше не само натпревар туку и дружење и забава со претставниците на останатите екипи, земаа учество 58 екипи од Република Македонија со повеќе од 170 натпреварувачи, а Комерцијална банка АД Скопје беше претставена со 3 екипи и 9 аматерски натпреварувачи.

На Хуманитарниот аматерски велеслалом се собраа значителен износ на финансиски средства кои беа наменети за претходно наведената организација со што задоволството меѓу учесниците беше големо заради остварување на зацртаната цел. Со учество на хуманитарниот настан во Маврово, вработените во Банката уште еднаш ја искажаа својата силна определба за поддршка на организации и поединци на кои таа им е потребна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП