Како и претходната генерација на топ лимузината на „Mercedes“ и новата „S сlasѕ“ ќе ја користат бројни „VIP“ личности и државници, а на многумина од нив им е потребна и специјална заштита. За оние кои сакаат максимално безбедно да се чувствуваат во својата лимузина, а со тоа да уживаат и во луксузната средина, „Mercedes“ ја нуди верзијата „S600 Guard“.
„Mercedes S600 Guard“ има сертификат за најголемо ниво за балистичка заштита – „VR9“.
Во каросеријата на автомобилот се вградени специјални челични компоненти, а дополнителна заштита е овозможена благодарејќи на употребата на армид (синтетички влакна отпорни на топлина) и елементи од полиетилен.
Сите стаклени површини имаат ламинантна структура и од внатрешната страна имаат материјал од поликарбонит.
Специјалната опрема вклучува и „паник аларм“ систем, непроѕирни внатрешни ролетни, автономен систем за рецирклирање на свеж воздух, греење на сите стакла, противпожарен систем со автоматско активирање, хидрауличен систем за подигнување и спуштање на страничните прозори…
Покрај сите безбедносни системи, „Mercedes“ посебно внимание посвети и на луксузните содржини кои се задолжителни кога станува збор за ваков вид на возила.
Покрај дополнителната маса на автомобилот, погонскиот систем не се разликува во однос на стандардниот „Mercedes S600“.
Под хаубата се наоѓа 6.0-литарски „V12“ мотор кој произведува 530 ks (390 kW) и максимален вртежен момент од 830 Nm. Сепак, поради големата тежина, максималната брзина е електронски ограничена на 210 km/h.