27 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 06.08.2014

Дневен хороскоп 06.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Идеалистички сте расположени, но тоа не ве спречува ефикасно да ги решавате практичните проблеми. Односите со пријателите се добри се додека нивното мислење не се спротистави на вашето. Бидете повеќе самокритични и размислете повеќе за вашите ставови, не мора секогаш вие да бидете во право.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Од настаните ќе го извлекувате максимумот, но ни со тоа немојте да се задоволувате. Вие можете повеќе и подобро. Наскоро ќе имате сериозно преиспитување со постигнатите резултати. Морате да бидете јаки за да можете да се соочите со вистината. Со вашиот став се наметнувате на околината.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Почнете да ги извршувате започнатите работи. Концентрирајте се на проблемот кој веќе подолго време го одбегнувате. Ќе успеете да решите само дел од натрупаните проблеми кои ви причинуваат емотивни штети проследени со променливо однсување. Ќе мора похрабро да ги прифатите поразите. Во љубовта ве очекуваат компромиси со партнерот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денешните состојби со работата многу ве нервираат и ве прават агресивни, но тоа не е толку страшно затоа што веднаш потоа доаѓаат позитивни промени и смирување. Во средбата со вашата сакана личност ќе биде нагласена интимноста и меѓусебното разбирање.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Со вашиот партнер никако не ќе можете да се усогласите. Треба да го менувате или него или нешто во односот спрема него. Бидејќи ова второто е поприфатливо, и наместо на секој негов збор да реагирате бурно и непромислено обидете се да премолчите. Тогаш сте најпаметни.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Навистина сте успеале да постигнете рамнотежа и тоа на сите полиња: полни со елан, добро здравје и нормално љубов која ви ја дарува саканата личност. Работата некако паѓа во втор план. Ве очекува многу среќа и радост така да не треба да го губите времето на споредни работи.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе бидете во хармонија со своите блиски, и ќе ви се врати ведриот дух. Не трошете многу енергија и не полемизирајте со никого, дури и ако бидете предизикани. Бидете поискрени со вашите пријатели. Ако сакате да внесете нешто ново, дали на работното место, или во љубовта ова е одличен ден.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Иако од желбата за наметнување на сопствените убедувања на околината и на партнерот имате само штета сепак тоа е појако од вас. Моментално таа ваша супериорност е голема препрека во вашето функционирање. Пожелно е понекогаш да глумите безпомошни. Планетите ви порачуваат да се вразумите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Интензивно ќе работите на пронаоѓање на ново работно место, нови деловни партнери или пак на евентуално напредување на работното место. Ќе ви бидат нагласени интелектуалните способности како и амбициозноста и самодисциплината. Некој од роднините или блиските пријатели ќе ве запознае со интересна личност со која во иднина ќе ве врзува пријателството или страста.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Постапувајте практично во животот за да можете загубите да ги сведете на минимум. Ќе спасувате се што можете да спасите. Време за губење немате. Само со јасни погледи можете да ја постигнете целта во спротивно ќе имате недоразбирања со околината. Партнерот е прв на листата на осомничени за неискрено однесување.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денеска ќе бидете доста повлечени и напнати. Некои од вас ќе добијат желба да се подалеку од другите, односно да се повлечат со своите мисли. Ве очекуваат пријатни изненадувања на сентимантален план, но само ако ја вратите ведрината на вашето лице и ако се дружите. Заборавете на грижите, насмевнете се и уживајте.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Нова љубов, децата, одморот, спортот и забавата ќе бидат актуелни во текот на денот. За сето тоа енормно ви расте интересот. Доколку тврдоглаво настојувате да го реализирате тоа што не е можно за вас, ќе биде многу непријатно и сето тоа може лошо да се одрази врз вашата здраствена состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП