20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкок на профитот на UniCredit од 37,8 проценти

Скок на профитот на UniCredit од 37,8 проценти

unicredit1

Најголемата италијанска банка, „UniCredit“ ги надмина очекувањата и забележа скок на профитот од 37,8 проценти во првата половина од годината.

Таквите резултати се забележани благодарение на растот на побарувачката на кредити, што е позитивен знак за проблематичната италијанска економија.

Нето заработката во шест месеци заклучно со јуни изнесуваше 1,1 милијарди евра, во однос на 1,04 милијарди, колку што очекуваа аналитичарите, пренесува агенцијата Франс прес.

Во вториот квартал од 2014 година, профитот е зголемен за 11,6 проценти на годишно ниво на 403 милиони евра, надминувајќи ги очекувањата за 296 милиони. Растот на профитот на најголемата банка во Италија нуди зрак надеж за економијата на оваа земја,  која се бори да излезе од најдлабоката рецесија во Втората светска војна.

„UniCredit“ во првиот квартал се врати на патеката на профитот откако минатата година забележа огромна загуба од 14 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП