3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТесен пораз на македонските кошаркари од Хрватска

Тесен пораз на македонските кошаркари од Хрватска

makedonijaohrid

Кошаркарската репрезентација на Македонија е поразена од Хрватска во последниот контролен натпревар пред почетокот на квалификациите за Европското првенство 2015 година. На натпреварот од затворен карактер одигран попладнево во Загреб, македонските кошаркари се поразени од Хрватска со 69:64.

Ова беше само втор пораз за црвено-жолтите на седумте одиграни натпревари во подготвителниот период.

Првата четвртина избраниците на Александар Џикиќ ја добија со 7 поени разлика (20:13), а на полувремето заминаа со три поени предност 37:34.

Предводени од Лукша Андриќ и Дарио во третиот дел „Коцкестите„ Шариќ, стигнаа и до пресврт односно ја завршија четвртината со водство од 49:45.

Петте поени предност Хрватите ги сочуваа до крајот на натпреварот за конечни 69:64.

Бојан Трајковски со 13 постигнати поени беше најефикасен во нашата репрезентација.

Ричард Хендрикс средбата ја заврши со учинок од 9 поени и 12 скокови, а по 9 поени постигнаа и Ивица Димчевски и Стојан Ѓуроски.

На овој натпревар, единствен во подготовките одигран на гостински терен, Македонија настапи ослабена, без повредените Дамјан Стојановски и Бојан Крстевски, кои во Скопје ја продолжуваат рехабилитацијата во пресрет неделниот натпревар против Белгија, прв во квалификациите.

Покрај Белгија која важи за главен фаворит во групата Д, селекцијата на Македонија за противници ќе ги има и репрезентациите на Данска и Белорусија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП