3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz најавува нов под-бренд - AMG Sport

Mercedes-Benz најавува нов под-бренд – AMG Sport

najava mecka

Новите информации покажуваат дека „Mercedes-Benz“ наскоро ќе го претстави под-брендот „AMG Sport“. Дизајнирани да се натпреваруваат со „BMW M Performance“ и со другите слични ривали, „Mercedes-Benz AMG“ спортските модели ќе бидат сместени над стандардните верзии, но под целосно опремените „AMG“ верзии.

Овие возила ќе имаат нешто поразличен екстериер и ентериер, заедно со подобрените мотори, како бензински, така и дизел агрегатите, прилагодени со тјунирана шасија и подобрена електроника.

Заедничката карактеристика на сите „AMG Sport“ модели ќе биде пошироката трага на тркалата, слична на онаа како кај „AMG“ моделите.

Новоформираниот под-бренд ќе се состои од модели од „A“, „C“, „Е“ и „S“ семејствата, но и од „GLA“, „GLK“, „M“ вклучувајќи ги „M Coupe /MLC“, како и „GL“ линијата.

Првиот модел кој ќе го отвори патот на другите е „C450 AMG Sport“ за кој веќе подолго време се говори и кој има подобрен твин-турбо 3.0-литарски „V6“ мотор превземен од моделот „C400“, но кој ќе развива дополнителни 34ks или вкупни 367ks. Се верува дека овој модел ќе биде прикажан подоцна во оваа година во „RWD“ и „4MATIC“ верзии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП