2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдобрен влезот на Siemens во Rolls-Royce

Одобрен влезот на Siemens во Rolls-Royce

Siemens

Европската комисија и го одобри превземањето на германската компанија „Siemens“ на делот од работењето на британската компанија „Rolls-Royce“ во областа на гасни турбини.

„Siemens“ во мај соопшти дека од британската компанија ќе го купи одделението за гасни турбини и компресори, а со тоа ќе ја зајакне својата позиција во нафтената и гасната индустрија.

„Rolls-Royce“ е познат како производител на авио-мотори, но исто така произведува и турбини кои се употребуваат во различни индустрии.

Комисијата истакнува дека договорот меѓу германската и британската компанија не претставува формирање на монопол, бидејќи тие не се директни конкуренти и постојат одреден број на ривали на пазарот.

Секторот на „Rolls-Royce“ кој го купи „Siemens“ вработува околу 2.400 работници и минатата година оствари приходи од 1.1 милијади евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП