20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHennessey го подготвува моделот Venom F5

Hennessey го подготвува моделот Venom F5

hennessey-venom-f5-1

На почетокот на 2014-та година „Hennessey Venom GT“ на Флорида ја постигна брзината од 435,31 km/h, а со тоа неофицијално стана најбрзиот сериски автомобил кој може легално да се вози на јавни патишта. Американската компанија најави нов модел, „Venom F5“, кој треба да го подобри овој резултат за 30 km/h и конечно да ја земе титулата за најбрзо возило.

Иако „Venom GT“ го надмина својот најголем ривал, „Bugatti Veyron Super Sport“, кој во 2010-та година на „Volkswagen“ патеката во близина на Фолфсбург забележа разултат од 431,072 km/h, рекордот сепак не доби официјална потврда.

Имено, „Venom GT“ ја постигна рекордната брзина возејќи само во една насока, а резултатот да биде важечки Гинисов рекорд, беше потребно автомобилот да го повтори возењето на истата делница, но во спротивна насока, по што ќе се смета просечната најголема брзина од двете возења.

Покрај тоа, „Venom GT“ не исполнува ниту други критериуми, а тоа е бројот на произведени примероци. За некој модел официјално да конкурира за најбрз сериски автомобил, потребно е да се изработат најмалку 30 единици, додека „Hennessey“ произведе 29 примероци.

hennessey-venom-f5-2

Американскиот производител во меѓувреме беше зафатен со работа. Од компанијата соопштија дека во подготовка е моделот „F5“ кој ќе може да достигне максимални 466 km/h (290 милји на час).

За да успее во тоа, постоечкиот 7.0-литарски „V8“ твин-турбо мотор кој се користи во моделот „Venom GT“ ќе биде модифициран со цел да произведе преку 1.400 ks.

Во однос на „Venom GT“, „F5“ ќе има и подобрена аеродинамика, додека масата на автомобилот би требало да биде околу 1.300 kg.

„Venom F5“ ќе биде претставен во 2015-та, а во продажба ќе се најде во текот на 2016-та година. Американскиот производител планира серија од 30 примероци, а цената на еден автомобил ќе изнесува 1.2 милиони долари без данок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП