27 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.08.2014

Дневен хороскоп 05.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Доброто расположение и поволните услови ќе ве пратат целиот ден. Многу претставници на овој знак поволно ќе ја изненадат својата околина со поголема толеранција, но и помек став во однос на некои поважни прашања кои се причина на некои кавги. Финансиите ви се подобруваат, но сеуште е рано да правите пресметки.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Многу сте амбициозни особено во момент кога сите планираат или заминуваат на годишен одмор. Во се барате некој вид на статусен симбол, бидејќи премногу ви е важно она со што се занимавате да има адекватно признание. Добро би било да можете малку да им се препуштите на животните радости и да се одморите. Можна е сериозна врска.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе се почувствувате празно и безволно. За среќа таквото расположение нема долго да трае. Односите со луѓето нема да бидат без проблеми и несмеете да се обесхрабрите од недоразбирањата кои ќе ги има доста и ќе ви изгледаат како непоправливи. Во работниот живот нема да се случат промените кои сте ги очекувале. Ќе треба да причекате.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе знаете да го цените тоа што го имате и ќе можете да го извлечете најдоброто од моменталните односи. Претставниците кои се во сериозни врски ќе имаат причина за задоволство. Некои од вас особено оние слободите ќе гледаат со недоверба во средбата со една интересна личност од спротивниот пол.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе морате денеска сериозно да се посветите на вашата работа, бидејќи важните проблеми не ќе можете да ги решите сами. Ќе морате да бидете поеластични со деловните партнери и соработниците. Во љубовта ве очекува напорен ден, бидејќи вие и вашиот партнер сте се свртиле еден од друг.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Избегнувајте поинтензивен друштвен живот. Совладајте го стравот од самотија. Ако можете да и се посветите на работата или пак на некое хоби кое ве исполнува и да се ограничите само со неколку најдобри пријатели, тоа во овој момент ќе биде најдобро за вас. Љубовта во моментот е стабилна.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе уживате во излети и најразлични физички активности. Ќе бидете во форма бидејќи на задоволувачки начин ќе ги користите вашите способности, особено оние кои имаат врска со насобраната енергија. Ќе умеете да ги избегните сите препреки и ќе бидете полни со разбирање и нежност спрема вашиот партнер. Здраствената состојба е доста добра.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Многу ќе се грижите за сигурноста на вашето работно место и задржувањето на постоечките позиции. Ви треба помошта од другите за да можете да ги реализирате вашите планови. На слободните претставници им се нудат краткотрајни авантури.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Настојувајте да го одложите решавањето на некој проблем. Ќе мора да бидете многу внимателни за да можете да го постигнете тоа што го сакате со што помалку штета. Односите со околината не ви се најдобри , така што ќе се чувствувате многу осамено.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Здраствените проблеми ќе ве вознемируваат, но наместо да се плашите добро би било да одите кај вашиот лекар и добиете адекватен одговор. Ќе видите дека ситуацијата не е таква каква што замислувате. Помалку сте хипохондрични. Некои претставници ќе донесат некоја важна одлука.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Работите ви се одвиваат во добра насока. Преку целиот ден ќе ве прати одлично расположение во добро друштво. Полни со енергија и воља да преземете нешто, работите ќе ги извршувате со голем ентузијазам. Во поамбициозните работи поврзани со пари ќе имате успех.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вашите чуства денеска пресудно ќе делуваат на работните односи или пак во врската со партнерот. Ќе бидете поканети на некој начин да настапите пред јавност. Дали ќе прифатите ќе зависи од вашето расположение. Многу ќе ви биде зголемен интересот во врска со прашањата за семејството, особено родителите или пак децата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП