28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМаркионе потврди дека Alfa Romeo не е на продажба

Маркионе потврди дека Alfa Romeo не е на продажба

alfa romeo mito 1

Серџо Маркионе повторно официјално потврди дека „Fiat“ и „Chrysler“ и во иднина ќе останат посветени на „Alfа Romeо“. Во последните неколку години „Volkswagen“ и „Audi“ беа најгласни во своите настојувања да го превземат брендот „Alfa Romeо“. Но ништо не се реализираше, сепак цело време додека се шпекулираше за евентуалното превземање, Маркионе беше упорен и говореше дека нема ништо од продажбата на „Alfa Romeо“.

Во корист на неговите тврдења говори и фактот за прекинување на производството на „Fiat Brava“ и „Lanciа Deltа“ во фабриката во Касино. Судејќи според неофицијалните информации, токму оваа фабрика ќе ја произведува новата „Alfа Giuliа“, додека „Giulietta“ својот производен пат ќе го продолжи на производните линии на некогашниот „Fiat Cromа“.

Се предвидува дека првите прототипови на „Giuliа“ на патиштата ќе ги видиме уште оваа година, додека производството ќе започне кон средината на следната година.

Најновите гласини потврдуваат дека „Fiat“ ќе вложи 35 милиони евра во нова производна линија, на која ќе бидат вработени и 200 нови работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП