ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал ќе ослободи дел од фудбалерите по турнејата во САД

Ван Гал ќе ослободи дел од фудбалерите по турнејата во САД

van gal man 33

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Луис ван Гал ќе им овозможи на дел од фудбалерите да си бараат нови тимови по враќањето во Англија, пишува „Дејли мејл“. Според информациите Холанѓанецот би требало да им каже лично на непотребните играчи дека не влегуваат во неговите планови.

Како најзагрозени од таков состанок се Андерсон, Нани, Хавиер Ернандес, Шинџи Кагава и Маруан Фелаини.

„Ќе направам проценка по турнирот во САД. Им дадов можност на сите да играат, па сега знам повеќе отколку пред турнејата“, рече Ван Гал.

Според холандскиот специјалист се уште е рано да се даде конечна одлука, но е потребно тоа да се случи.

„Мораш да му дадеш можност на фудбалерот да премине во друг тим, штом ќе види дека неговите шанси за да игра не се толку големи“, ги објасни своите погледи менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Тимот ќе се сретне против Ливерпул во финалето на Меѓународниот чемпионс куп во САД. Натпреварот е во вторник во 02.00 часот по македонско време.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП