4 октомври, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Унгарија стартуваше производството на новиот Audi TT

Во Унгарија стартуваше производството на новиот Audi TT

thiaudi tt hungary

„Audi“ минатиот месец најави дека во својата фабрика во Ѓер во Унгарија од август ќе воведе трета смена со цел да ја задоволи побарувачката за своите модели кои таму ќе се произведуваат, како и поради подготовките за стартот на производството на новата генерација на моделот „ТТ“. А неодамна новиот „ТТ“ и официјално започна да се произведува.

Споменатата фабрика има капацитет од 160.000 возила годишно, а минатата година во проширување и модернизација вложени се повеќе од 900 милиони евра.

Покрај „TT“, во Унгарија се произведуваат и моделите „A3 Sedan“ и „A3 Cabrio“.

Новиот „TT“ на почетокот ќе се произведува само како „Coupe“ (новиот „TT Roadster“ исто така веќе е најавен), а првите две генерации на „TT“ инаку вкупно се произведени во повеќе од пола милион примероци.

Цената на новиот „TT“ во Германија стартува од точно 35.000 евра за верзијата со 2.0-литарски „TFSI“ четирицилиндарски бензинец со 169 kW/230KS и 370 Nm (забрзувањето од 0 до 100 km/h трае за 5.3 секнуди во верзијата со „S tronic“ менувач, односно 6.0 секунди со шестстепен мануелен менувач).

„Audi TT TDI“ има цена од 35.900 евра и има 2.0-литарски „TDI“ дизел со 135 kW/184KS и 380 Nm (oд 0 до 100 km/h му треба 7.2 секунди, а потрошувачката на гориво изнесува само 4.2 l/100km).

Најскапиот е „Audi TT S“ за кој во Германија треба да се плати 49.100 eвра. Овој модел има 2.0-литарски „TFSI“ агрегат со 228 kW/310KS и 380 Nm (забрзувањето до 100 km/h изнесува 4.7 секунди).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП