25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва се адутите на моделот Jaguar XE за конкурентност со германските возила...

Ова се адутите на моделот Jaguar XE за конкурентност со германските возила (видео)

jaguar xe najava

Новиот модел со кој „Jaguar“ ќе им се спротивстави на „BMW Serieѕ 3“, „Mercedes C сlasѕ“ и „Audi A4“, ќе има премиера на почетокот на септември. Во меѓувреме, британскиот производител ни открива некои од адутите кои ќе му помогнат на „Jaguar XE“ во борбата со конкуренцијата кога овој автомобил ќе се најде во продажба.

Новиот „Jaguar“ започна да го покажува своето лице. На првата фотографија на ова возило може да се види препознатливата „мрежеста“ маска на ладилникот и големите отвори за воздух на браникот, а формата на фаровите и наборите на хаубата дополнително допринесуваат за имиџот на возилото.

Во „Jaguar“ истакнуваат дека 75 проценти од конструкцијата на автомобилот е од алуминиум. Како што велат во компанијата, употребата на алуминиум во толкава мера допринесува за намалување на вкупната тежина на моделот, но и зголемена крутост на конструкцијата.

Станува збор за материјал со висока цврстина кој е специјално развиен за новиот модел на „Jaguar“:

Благодарејќи на помалата маса, но и на другите технолошки подобрувања, најекономичната верзија на моделот „XE“ ќе има просечна потрошувачка под 4 l/100 km, додека во атмосферата ќе емитува помалку од 100 грама јаглерод-диоксид по километар.

Од друга страна, купувачите ќе имаат можност да одберат некој од помоќните модели, меѓу кои е и „Jaguar XE-S“, кој под хаубата најверојатно ќе има 3.0-литарски „V6“ со компресор превземен од моделот „F-Type S“.

Покрај овој модел се шпекулира и за најмоќниот „Jaguar XER-S“ со 5.0-литарски „V8“ мотор со 550 ks, со чија помош автомобилот би развивал преку 300 km/h.

Повеќе детали ќе бидат познати по премиерата која ќе се одржи на 8-ми септември во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП