17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРезлутатите на Samsung за вториот квартал од оваа година

Резлутатите на Samsung за вториот квартал од оваа година

samsnung slika

Јужнокорејски „Samsung“ ги објави своите финансиски резлутати за вториот квартал од 2014-та година.

Во текот на вториот квартал, компанијата остварила нето добивка од 6.1 милијарди долари. Во истиот период од минатата година забележана е нето добивка од 6.9 милијарди долари. „Samsung“ поради тоа во текот на вториот квартал забележа најмала квартална нето добивка во изминатите две години.

Најмногу приходи за компанијата и натаму пристигнуваат од одделението за мобилни уреди, но резултатите на тоа одделение се нешто послаби поради помалата побарувачка на смартфони и таблети во светот.

Исто така, причините за слабите резултати на продажбата на мобилните уреди на „Samsung“ е и се поголемата конкуренција која традиционално ја вклучува добрата продажба на „iPhone“, но и појавата на евтините кинески уреди со слични перформанси. Компанијата во текот на вториот квартал од оваа година испорачала 74.3 милиони паметни телефони, во однос на истиот квартал од минатата година кога беа испорачани 77.3 милиони уреди.

Што се однесува до одделението на „Samsung“ за чипови, големата побарувачка на мемории донесе 4 проценти поголеми приходи во однос на претходниот квартал, ако се гледа само на мемориите, но вкупниот профит на тоа одделение сепак забележа пад од 5 отсто. Одделението за екрани забележа пораст во продажбата поради зголемената испорака и побарувачка за „LCD“ екрани.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП