3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВерзија на Mercedes C-Class од која Кинезите ќе бидат среќни

Верзија на Mercedes C-Class од која Кинезите ќе бидат среќни

c l verzija

На кинескиот пазар наскоро ќе се најде уште една луксузна лимузина со продолжено меѓуосовинско растојание, откако „Mercedes“ во таа земја го започна производството на моделот „C сlasѕ L“.

Кога една земја претставува вториот најважен светски пазар за пласман на „Mercedes C сlasѕ“, тогаш е ред на компанијата да ги задоволи побарувањата на тамошните купувачи. А Кинезите просто ги обожуваат продолжените лимузини со дополнителен простор за патниците на задните седишта.

Во сегментот во кој припаѓа „Mercedes C сlasѕ“, на Кинезите веќе им се достапни продолжените „Audi A4L“, „BMW Serieѕ 3 Li“ и „Volvo S60 L“.

„Mercedes“, кој во Кина продаде преку 150.000 примероци од претходната генерација на својата компактна лимузина, несака да заостанува зад конкуренцијата, па поради тоа во септември на пазарот ќе се најде новата „C сlasѕ L“.

Aвтомобилот ќе се произведува во фабриката на компанијата „Beijing Benz Automotive Co.“ (BBAC), која „Mercedes“ ја отвори заедно со својот кинески парнтер „BAIC“.

„Mercedes C сlasѕ L“ е долг 4.766 mm, a меѓуосовинското растојание е поголемо во однос на стандардната верзија за 80 mm и изнесува 2.920 mm.

Интересно е тоа дека патниците кои седат позади ќе имаат можност да ја подесуваат положбата и на предните седишта, што говори во прилог на тоа дека сопствениците на овој автомобил главно ќе се возат позади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП