27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен новиот Mercedes Vito (фото)

Претставен новиот Mercedes Vito (фото)

vito 1

По новата „V сlasѕ“ која имаше премиера на почетокот на 2014-та, „Mercedes“ ја претстави и новата генерација на своето мултифункционално лесно комерцијално возило од средна големина – моделот „Vito“.

За оние кои се запознати со дизајнот на „Mercedes V сlasѕ“, новиот „Vito“ не носи изненадувања во поглед на надворешноста.

vito 2

Стилски елементи се видени од патничката „V сlasѕ“ кои се пренесени и на практичниот „Vito“, a двата модели делат иста платформа.

Како и досега, на купувачите ќе им бидат понудени бројни верзии со различни должини и конфигурации на каросеријата.

vito 3

Максималната носивост на возилото изнесува 1.369 kg, a новиот „Mercedes Vito“ ќе биде достапен во верзии на должина од 4.895 mm, 5.140 mm и 5.730 mm. Во понудата ќе се најде и теретна, полутеретна и патничка верзија.

Покрај моделот со заден погон, на располагање е верзија и со преден, но и со погон на сите четири тркала.

vito 4

Предниот погон ќе се користи во најлесниот и најевтиниот модел во гамата, додека со погон на задните тркала е наменета за возила кои пренсуваат поголем терет или влечат приколка.

„Vito“ со погон на сите четири тркала е наменет за потешки услови за возење и движење по нерамни и неасфалтирани патишта.

vito 5

„Mercedes“ доста внимание посвети на безбедноста на патниците. Новиот „Vito“ во сите верзии е опремен со диск-сопирачки, адаптивен „ESP“ систем и во зависност од верзијата, поседува осум воздушни перничиња, вклучувајќи и комплетна странична заштита за патниците во сите три реда на седишта.

Сите модели стандардно се опремени со „Crosswind Assist“ системот кој го стабилизира движењето на возилото во случај на силни странични удари на ветер, како и „Attention Assist“ уредот кој предупредува ако кај возачот се појави замор.

vito 6

Стандарден е и системот за читање и следење на притисокот на гумите, додека како опција достапни се и „Active Parking Assist“, „Lane Keeping Assist“ и „Blind Spot Assist“.

Со доплата можно е да се добие и системот „Intelligent Light“ кој опфаќа „LED“ ниски и дневни светла, додека долгите светла имаат функција за насочување на зракот во кривините.

vito 7

„Mercedes Vito“ со преден погон моќта ќе ја добива од четирицилиндарски 1.6-литарски дизел мотор кој во моделот „109 CDI“ произведува 88 ks (65 kW), a во верзијата „111 CDI“ располага со 114 ks (84 kW).

Моделот со погон на задните тркала е опремен со четирицилиндарски дизел мотор со зафатнина од 2.15 литри. На располагање се верзии на „Vito 114 CDI“ со 136 ks (100 kW), „Vito 116 CDI“ со 163 ks (120 kW) и „Vito 119 BlueTEC“ чиј мотор развива 190 ks (140 kW).

Моторите стандардно се поврзани со шестбрзински мануелен менувач, освен кај моделот „Vito 119 BlueTEC“ кој е опремен со седумбрзински автоматски менувач. Автоматик е достапен како опција и на моделите „Vito 114 CDI“ и „Vito 116 CDI“.

vito 8

Сервисниот интервал на новиот „Mercedes Vito“ изнесува 40.000 km или две години, што допринесува за намалување на трошоците за одржување на возилото.

Продажбата ќе започне најпрво во Германија во октомври, додека новиот „Vito“ во останатите европски земји ќе биде понуден нешто подоцна.

Цената за основиот модел, теретниот „109 CDI – panel van“, на германскиот пазар ќе изнесува 17.990 eвра без данок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП