6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIAT 500L за скејтери и сурфери

FIAT 500L за скејтери и сурфери

vans fiat

„Fiat“ го претстави новиот концепт на моделот „500L“ кој го носи името на познатиот производител на патики „Vans“. Овој автомобил е за авантуристи, првенствено за сурферите, а е подготвен за Отвореното првенство на САД во сурфање.

На прв поглед јасно се гледа дека оваа верзија на „Fiat 500L“ црпи доста инспирација од „Vans“, a две работи привлекуваат особено внимание – карактеристичниот дизајн на „Vans“ на кариран дезен на покривот, како и интересна предна маска со четири „LED“ прстени за дневно осветлување.

vans fiat1

На покривот е и држач за даска за сурфање, користени се три бои за екстериер, додека внатре состојбата е уште пошарена – „Fiat“ инструмент таблата ја направи во склад со скејтерската и сурферската култура, педалите за управување се прекриени со препознатливиот дезен од ѓоновите на „Vans“ патиките.

„500L Vans“ ќе биде изложен до 3-ти август, а под хаубата се крие фабричкиот четирицилиндарски мотор со зафатнина од 1.4-литри. Бензинецот „MultiAir“ испорачува 160bhp, a има шестстепен мануелен менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП