КОМПАНИИ

Nissan го зголеми профитот за 37 проценти

nissan po fit

Jапонскиот производител на автомобили „Nisѕan“ во првиот квартал од финскалната 2014-та – 2015-та, оствари раст на профитот и продажбата на годишно ниво во склад со предвидувањата.

Нето профитот на јапонската компанија во периодот од април до крајот на јуни 2014-та е зголемен за 37 отсто на годишно ниво.

Според соопштението од компанијата профитот достигна 800 милиони евра. Продажбата во истиот период порасна за шест проценти или на 1.2 милиони автомобили.