28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗагубата на Nokiа ја намали добивката на Microsoft

Загубата на Nokiа ја намали добивката на Microsoft

mic nokija

Добивката на технолошкиот гигант „Microsoft“ во вториот квартал изнесуваше 4.6 милијарди долари, 7 проценти помалку отколку во истиот период од минатата година, што исклучиво е последица на загубите на „Nokiа“.

„Nokia“, која „Microsoft“ ја купи за 7.2 милијарди долари со цел да се вклучи во брзорастечкиот пазар на паметни телефони, во изминатиот квартал забележа загуба од 692 милиони долари, извести најголемиот светски производител на софтвер.

Раководството на „Microsoft“ проценува дека „Nokia“ ќе престане да бележи загуби до половината на 2016-та година, со оглед дека нејзиниот нов „Lumia“ модел не оствари успех каков што „Microsoft“ очекуваше, освојувајќи само 4 проценти од светскиот пазар на паметни телефони.

Со цел да ги намали трошоците од работењето, „Microsoft“ минатата недела најави укинување на 18.000 работни места од вкупно 127.000, што претставува најголемата реконструкција во 39-годишната историја на овој технолошки гигант. Притоа околу 12.500 работни места ќе бидат укинати во „Nokiа“.

„Растот на компанијата ќе го поттикнеме со дисциплирани одлуки, поврзани со иновации и насочување кон извршување на одлуките“, истакна Сатја Недела, извршниот директор на „Microsoft“.

Вкупните приходи на „Microsoft“ порасна во вториот квартал за 17 проценти или на 23.4 милијарди долари, што е нешто повеќе од очекувањата на аналитичарите, а дел од тој раст се додаваат на приходите на „Nokiа“ од околу 2 милијарди долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП