28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple забележа раст на добивката во вториот квартал

Apple забележа раст на добивката во вториот квартал

Apple Beats Acquisition

Нето добивката на „Apple“ во вториот квартал достигна 7.7 милијарди долари или 12 проценти повеќе од истиот период од минатата година. Ваквите резултати се постигнати благодарение на растот на продажбата на „iPhone“ уредите, додека продажбата на таблетот „iPad“ повторно забележа пад.

Во изминатиов квартал „Apple“ продаде 35.2 милиони смартфони „iPhone“, што е за 13 проценти повеќе во однос на истиот период во 2013-та. Притоа најмногу, дури 48 проценти, порасна продажбата во Кина, а силен раст е забележан и во останатите „BRICS“ земји – Бразил, Русија, Индија и Јужна Африка.

Меѓутоа, продажбата на таблетот „iPad“ веќе втор квартал бележи пад, сега за 9 отсто или 13.3 милиони примероци, а последицата за тоа е се повеќето евтини модели кои се темелени на „Android“ оперативниот систем.

Приходите на најголемата светска технолошка компанија според пазарната вредност пораснаа за 6 проценти од лани или на 37.4 милиони долари, додека аналитичарите очекуваа 38 милијарди долари.

Во последните неколку години „Apple“ нови модели претставува во септември, па наесен оваа година може да го очекуваме новиот „iPhone“ со поголем екран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП