26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Google пораснаа за 22 проценти

Приходите на Google пораснаа за 22 проценти

guli guli

Приходите на интернет гигантот „Google“ пораснаа во второто тромесечие за 22 проценти во однос на истиот период од минатата година или на 16 милијарди долари. Причината за овие резултати е благодарение за силниот раст на приходите од рекламирањето.

Тоа е поголем раст отколку што очекуваа аналитичарите, а нивните проценки го надминаа и растот на добивката на „Google“ зa 6 отсто или на 3.4 милијарди долари.

Овој интернет гигант извести и за заминувањето на Никеш Арор, кој скоро 10 години беше главен бизнис директор во „Google“, на местото потпретседател во „Softbank“.

Неговото место ќе го превземе Омид Кордестани, кој со години го водеше тимот на „Google“ за продажба.

Тоа е само продолжение на промените во врвот на управувачката екипа на „Google“, со оглед дека во последните неколку години местата ги заменија или компанијата ја напуштија повеќе од десетина менаџери.

Со оглед дека не се познати сите тие менаџерски промени, аналитичарите сметаат дека тоа ја покажува желбата на основачите на компанијата Лери Пејџ и Сергеј Брин на клучните места да поставуваат нови луѓе кои ќе осигураат силен раст на „Google“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП